Search

Адеми промовиран во новиот клуб Пекинг Гуан 

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми и довчерашен капитен на хрватскиот повеќекратен шампион Динамо Загреб е преставен во новиот клуб, кинескиот Пекинг Гуан, каде ќе настапува во следните три години.

-Добредојде во Пекинг-порачаа од новиот клуб на Адеми.

Во новата средина Адеми нема да ја носи „петката“, бројот кој Динамо реши привремено да го пензионира по заминувањата на капитенот. Популарниот Аки ќе настапува со бројот 45.

Адеми во новата средина ќе заработува по 1.65 милиони евра по сезона. Тој според „Трансфермаркт“ е играч кој има најголема вредност во Пекинг Гуан, поточно е проценет на 4 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави