Search

(Видео) Македонскиот фудбалер Мирчевски и соиграчите спречиле поголема катастрофа во верижниот судир во Србија

Македонскиот фудбалер Мартин Мирчевски заедно со неговите соиграчи Горан Антониќ, Јосип Чалушиќ, Ненад Филиповиќ и Ифет Ѓаковац од редовите на српскиот лигаш ТСЦ Бачка Топола се нашле на местото на верижниот судир на 12 возила во Србија и спречиле да дојде до поголема катастрофа.

Како што пренесуваат српските медиуми, младите мажи во бел автомобил го снимале невремето и го посведочиле верижниот судир, но останале присебни. Брзо го поместиле автомобилот и ги предупредиле другите возачи да закочат, бидејќи од правот што се кренал не се гледало ништо на патот.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како фудбалерите ги стопираат автомобилите, викајќи: „Кочи, кочи, кочи!“.

Треба да знаете
Последни објави