Search

Шкотска го доби првиот премиер муслиман

Поддржувачот на независноста Хумза Јусаф денеска беше официјално потврден за премиер на Шкотска во локалниот парламент, со што стана првиот нејзин лидер кој е муслиман и доаѓа од имиграциско потекло.

Хумза Јусаф (37) денеска беше избран за претседател на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност на партиските избори по ненадејната оставка минатиот месец на Никола Старџен, која ја извршуваше оваа функција осум години.

Хумза Јусаф, чии баба и дедо емигрирале во Глазгов од Пакистан пред 60 години, утре официјално ќе ја преземе функцијата и ќе положи заклетва во Врховниот суд на Шкотска.

„Ова е горд ден за мене и моето семејство, се надевам дека е горд ден и за Шкотска, бидејќи кажува многу за нашите вредности“, рече Јусаф веднаш по гласањето.

Хумза Јусаф ја презема власта во време кога се чини дека борбата за независност е во ќорсокак, оживувајќи ги поделбите во СНП и поттикнувајќи ги апетитите на конзервативците, на власт во Лондон, и на лабуристичката опозиција,пренесе Индекс.хр.

Треба да знаете
Последни објави