Search

Прекината црно-белата магија, Барса го победи Партизан

Екипата на Партизан ја прекина добрата евролигашка серија со домашен пораз од Барселона (80-89) која како голем фаворит дојде во Белград и ја оправда улогата на паркетот.

И покрај тоа што против себе го имаа расположениот Лапровитола во првото полувреме, избраниците на Жељко Обрадовиќ се одржуваа резултатски со ривалот (45-44). Целата игра се распадна со лошиот трет период, во кој се дадоа 13, а се примија 22 поени.

Токму Лапровитола беше најдобар кај победникот со 25 поени, пред одличниот Миротиќ со 19 поени и осум скока, додека кај Партизан се истакна Егзум со 24 поени, пред Пантер со 16 постигнати поени.
Следен меч на Партизан е во петок против Реал Мадрид.

Басконија дома се намачи, но забележа пресврт-победа над Алба (93-87). Костар со 23 и Томпсон со 18 поени беа најдобри кај шпанскиот тим, а кај гостинот се истакна Ло со 15 и Ветцел со 13 поени.

Макаби Тел Авив во домашен меч со рекорди ја доби Виртус Болоња (111-80). Со 62 постигнати поени во првиот дел, израелскиот тим дојде до рекорд по број во едно полувреме, а исто така се забележаа и рекорден број на асистенции. Хилиард беше најдобар со 16 поени кај поентерите, а кај гостинот, Оџелеје имаше исто така 16 поени.

Анадолу Ефес ги задржа шансите за ТОП-8 со домашен триумф со Олимпија Милано (89-69), додека Панатинаикос го одбрани својот дом од Баерн Минхен (86-76).

Треба да знаете
Последни објави