Search

Перуанскиот голман уапсен по тепачка со шпанската полиција

По физичката пресметка меѓу полицијата и перуанската фудбалска репрезентација што се случи во понеделникот вечер во Мадрид уапсен е голманот Педро Гаљесе, јавија денеска светските медиуми повикувајќи се на официјални извори.

Перуанските фудбалери денеска во Мадрид треба да одиграат пријателски натпревар против Мароко, а инцидентот се случи пред хотелот во кој е сместена репрезентацијата на Перу.

Според шпанската полиција, пред хотелот биле собрани околу 300 перуански навивачи.

„Навивачите се обидоа да им пријдат на играчите и полицијата интервенираше меѓу играчите и навивачите за да се избегне стампедо. Еден играч удри полицаец во пределот на главата по што беше уапсен и однесен во полициската станица во Чамартин“, соопшти полицијата во Мадрид.

Перуанското Министерство за надворешни работи соопшти од своја страна дека идентитет на приведениот фудбалер е голманот на репрезентацијата Педро Гаљесе.

„Педро Гаљесе ја напушти полициската станица во која беше испрашан, а против него не е поведено обвинение и тој се врати во хотелот“, објави перуанското МНР на Твитер, додавајќи дека е побарано од домашните власти целосно расветлување на настаните.

Треба да знаете
Последни објави