Search

Лавров во април во Њујорк?

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров би можел да учествува на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во април, најави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

Очекуваме министерот Лавров да дојде“, рече тој.

Дипломатот посочи дека САД се обврзани да му издадат виза на шефот на руското Министерство за надворешни работи.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е веќе договорено авионот на министерот да слета во САД, Небензја потсети дека Лавров во септември минатата година беше во Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Русија ќе го започне своето претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, пренесува Спутник.

Треба да знаете
Последни објави