Search

Конференција за учеството на граѓанските организации во процесот на пристапување кон ЕУ

Во организација на Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи конференција на тема „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“, на која поздравни обраќање ќе имаат вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, евроамбасадорот Дејвид Гир, шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Џеин, и државната секретарка во СЕП и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили.

Целта на конференцијата е презентирање на моделите за учество на граѓанските организации во процесот на пристапување на земјава кон Европската Унија и отворање дискусија околу нив.

Презентација на моделите на ангажирање на граѓанските организации во процесот на пристапување во ЕУ ќе одржи експертот за соработка со граѓанските организации во преговорите за пристапување во ЕУ, Момчило Радуловиќ.

Конференцијата е организирана со поддршка на Шведска преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС). 

Треба да знаете
Последни објави