Search

Една третина од испитаниците е ЗА „огнените“, ќе има ли епилог расколот во ДУИ?

Според истражувањето на јавното мислење што го спровело Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“ речиси една третина од испитаниците, односно 31,7 отсто би гласале за „огнената“ група од ДУИ, а 66,6 проценти за ДУИ под водство на Али Ахмети.

Ова е прво испитување на јавното мислење кое го мери соодносот внатре во ДУИ откако се појави расколот во партијата, а рејтингот на огнените покажува дека тоа и не е така мала група на наводно незадоволни членови и функционери на партијата.

Иако во јавноста гледаме обиди за приближување на ставовите и одредено помирување меѓу двете групи, сепак извори од партијата велат дека конфликтот во партијата е мошне сериозен и доколку за брзо време не се преземат конкретни чекори за договор, ситуацијата дополнително би се влошиле, што може да биде особено драматично имајќи го предвид фактот што следната година е изборна.

Огнените не отстапуваат од барањето за смена на Артан Груби и како што тие велат почитување на Статутот од страна на лидерот Ахмети, додека пак Ахмети не отстапува од своите позиции и засега не презема ништо.

Иако во јавноста кружат информации дека огнените би формирале своја партија тоа го демантираше Невзат Бејта кој за сега исклучува таква можност.

Огнените најголемата база на поддржувачи ја имаат во скопските општини, а според анкетата на Институтот „Арбен Џафери“ пратеникот скопски Чаир и неформален лидер на огнените Изет Меџити, по Али Ахмети и Арбен Таравари, има трет најдобар рејтинг кај албанските политичари во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави