Search

Усмртена мечка на автопатот Тетово- Скопје, возачот повреден

Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.

Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово – Скопје.

-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Треба да знаете
Последни објави