Search

Протест утре ќе го менува режимот на сообраќај на булеварот „Илинден“

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник, (28.03.2023), поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на бул.„Илинден” полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајнцата каде што ќе се одвива протестот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави