Search

Нов скандал во македонската кошарка: Општа тепачка на натпревар во Тетово

Во македонската кошарка редовно се случуваат скандали, а особено во Третата лига од каде доаѓа и најновиот инцидент. На вчерашниот дерби натпревар од западната група меѓу Тетекс и Мега баскет (71:65) се случи општа тепачка на теренот.

Се делеа тупаници и клоци на сите страни во општата мешаница, а за среќа немаше посериозно повредени. Судиите по завршување на тепачката ги исклучија најголем дел од кошаркарите и тренерите од двете екипи, а на теренот останаа четворица од Тетекс и тројца од Мега баскет.

Треба да знаете
Последни објави