Search

Захарова: Голема грешка прави Македонија што ќе ѝ даде хеликоптери на Украина

Македонија има намера да ѝ испрати на Украина 12 воени хеликоптери Ми-24 од руско производство, кои Скопје ги набави од Украина во 2001 година. Четири хеликоптери беа подложени на модернизација на НАТО.

Како што пишува московскиот Комерсант, Македонија веќе испратила четири авиони Су-24 и неколку тенкови Т-72 во Украина, кои своевремено ги набавила и од Украина. Македонската влада наскоро треба да расправа за донацијата на хеликоптери.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно разговарал со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и му се заблагодарил за помошта.

Од друга страна, пак, одговор пристигна од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која смета дека овој потег е голема грешка.

Таквата одлука ќе ја сметаме за голема грешка на македонската влада, изјави Захарова.

Но, од Скопје порачале дека „Македонија е суверена земја која може самостојно да носи одлуки“.

Треба да знаете
Последни објави