Search

Судот му забрани на Робињо да го напушти Бразил по затворската казна за силување

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо доби  забрана да го напушти Бразил додека судот не донесе одлука дали поранешниот фудбалер може деветгодишната затворска казна за силување, која му е изречена во Италија, да ја отслужи во својата татковина.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер сити е осуден во Италија на казна затвор од девет години за групно силување девојка на прослава на нејзиниот 23. роденден во ноќен клуб во Милано.

Случајот датира од 2013 година кога Робињо настапуваше за Милан.

Робињо се жалеше на повеќе судски инстанци, но Врховниот суд на Италија му ја потврди деветгодишната казна, а италијанските обвинители издадоа меѓународен налог за негово апсење. Бразил, меѓутоа, нема закон за екстрадиција на свои државјани, па Италија побара Робињо казната затвор да ја отслужи во родната земја. 

Треба да знаете
Последни објави