Search

СДСМ: Уште еден успех на СДСМ и Ковачевски: странски инвестиции од 753 милиони евра!

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски и антикризните мерки вредни 760 милиони евра дадоа резултат.

Успешно се справивме со последиците од глобалната економска и енергетска криза. Антикризните мерки го заштитија стандардот на граѓаните и им помогнаа кога беше најтешко. 

Никој не беше оставен сам во време на криза.

Ги покачуваме платите и пензиите за историски највисоко ниво од независноста до денеска,  а истовремено намалена и замрзната е цената на основните прехранбени продукти. 

Дополнително, 2022, годината на најголема економска криза во Европа, ја завршивме со најголеми досега, рекордни 735,8 милиони евра странски директни инвестиции.

Тоа, е само уште еден показател за успешноста на економските политики на СДСМ, но и доказ колку е важно членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ кои гарантираат економска и општествена стабилност на државата.

Странските директни инвестиции освен што креираат нови работни места, придонесуваат за зголемување на производството, на извозот и раст на платите.

СДСМ како одговорна партија ќе продолжи со реализација на мерките и политиките што ја зајакнуваат домашната економија, продолжуваме со вистинска грижа за нашите сограѓани и за македонската економија.

Треба да знаете
Последни објави