Search

Моторциклист удрил во велосипедист па побегнал

На 25.03.2023 во 13.00 часот во Полициската станица Виница од ЈЗУ Здравствен дом Виница било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(48) од Кочани со тешки телесни повреди.

Имено, околу 12.40 часот на регионалниот пат Виница-с.Лески се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Б.С. и моторцикл управуван од возач кој го напуштил местото на настанот.

По превземени мерки бил пронајден моторциклистот и утврдено дека станува збор за Р.С.(29) од с.Лески-виничко. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница. 

Треба да знаете
Последни објави