Search

Киев: Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник

Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, оцени денеска Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин најави распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија.

„Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник“, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за безбедност Алексеј Данилов.

Тој додаде дека оваа одлука е „чекор кон меѓународна дестабилизација на земјата“.

Путин се закани дека ќе користи гранати со осиромашен ураниум во Украина доколку Киев ги добие од Запад.

Тој додаде дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја која се наоѓа на вратата на Европската Унија. 

Треба да знаете
Последни објави