Search

Стефковски: Градежната офанзива во Гази Баба е во полн ек

Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на населеното место Инџиково каде во тек се градежни активности за асфалтирање на локални улици.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Градежната офанзива во Гази Баба е во полн ек.

Денес бев на увид на градежните активности за асфалтирање на краци од улица Финска 2 во населеното место Инџиково.

Малата Марија која силно ме прегрна е мојот херој денес бидејќи беше најсреќна. Таа ми кажа дека конечно ќе може да другарува со своите другарчиња без да гази во кал.

Додека пак поворазните од оваа улица посочија дека по 33 години казење кал, конечно добиваат асфалтирани улици.

Оваа година, општина Гази Баба инвестира над еден милион евра во изградба на локални улици.

Дадениот збор пред граѓаните се исполнува.

Продолжуваме со срце за нашата Гази Баба. – напиша Стефковски.

Треба да знаете
Последни објави