Search

Скопјанец падна од кров на хотел во Штип

Работник од Скопје на 32 гедишна возраст е тешко повреден откако вчера попладне паднал од кров на хотел во Штип. Падот се случил додека изведувал градежни работи.

„На 24.03.2023 во 14.05 часот во СВР Штип било пријавено дека од кров на хотел во Штип додека изведувал градежни работи паднал Х.Л.(32) од Скопје, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип, а за настанот е известен Државен трудов инспекторат“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави