Search

Масовни протести во Израел против судската реформа поддржана од кабинетот на Нетанјаху

Нови масовни протести на израелските граѓани вечерва се одржуваат против најавената реформа во судството поддржана од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Незадоволството на Израелците кулминира по објавата на Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите, без оглед на судските процеси за корупција што се водат против него.

Поради тоа, неколку стотици припадници на Армијата и на различните резервни состави најавија дека нема да се јавуваат на повиците за должност или веќе ја бојкотираа службата.

На протестите кои се одржуваат дванаесетта недела по ред, вечерва на социјалните мрежи се појавуваат нови видеа над кои пишува дека вечерашниот протест е еден од најголемите во историјата на земјата.

Покрај масовните протести, премиерот Нетанјаху се соочува со критики и за неодамнешната вечера во Лондон во ресторан за време на еврејскиот шабат.

„Лицемерието на Нетанјаху нема граници“, го коментираше ова видео лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид.

Треба да знаете
Последни објави