Search

(Видео) Српски фудбалер преживеал срцев удар за време на натпревар во Шпанија и завршил во болница

Денешниот меч од третолигашката фудбалска конкуренција во Шпанија помеѓу Кордоба и Ферол беше прекина по само 11 минути, откако се случи драма со српскиот фудбалер Драгиша Гудељ, кој преживеа срцев удар на теренот и заврши во болница.

Родениот брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ бил сам во сопствениот казнен простор и додека топката била на другата страна од теренот кога паднал на тревата. Набрзо сам станал, но веднаш потоа одново паднал што бил знак на лекарите од двата тима да втрчаат на теренот. Шпанските медиуми пренесуваат дека седум минути траела реанимацијата, по што дошле добри вести дека Гудељ бил свесен кога на носилки го однеле кон амбулатното возили, со кое потоа бил пренесен во болница.

Треба да знаете
Последни објави