Search

Велс им ја расипа забавата на „коцкестите“ на „Пољуд“

Селекцијата на Велс им ја расипа забавата на „бронзените“ од последнниот фудбалски Мундијал, Хрватска на „Пољуд“ во Сплит во првиот меч од групата во квалификациите за ЕП-2024. Хрватска одиграа само нерешено (1:1) откако прими израмнувачкиот погодок во последните секунди од натпреварот. „Коцкестите“ поведоа преку Крамариќ во 28. минута, по што ја контролираа играта и имаа доминација на теренот, за што говори фактот што упатија дури 19 удари кон противничкиот гол. Велшаните, сепак, не се предаваа и првиот нивни удар во рамките на голот на Хрватите заврши во мрежата на „коцкестите“ и тоа по изведен аут. Стрелец беше Бродхед во 93. минута, откако влезе во игра кон средината на второто полувреме.

Шпанија без поголеми проблеми победнички ги почна квалификациите за ЕП 2024, откако на домашен терен ја совлада ослабената Норвешка (3:0), во чиј состав не настапи повредениот гол-мајстор Ерлинг Халанд. Олмо го начна гостинот во 13. минута, додека Хоселу со два гола во две минути (84. и 85.) го потврди триумфот.

Со по еден гол во двете полувремиња, пак, фудбалерите на Романија ја освоија Андора (2:0).

Треба да знаете
Последни објави