Search

Ѓоковиќ во Надал гледа прв фаворит за триумф на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нагласи во интервју за Си-Ен-Ен дека Шпанецот Рафаел Надал е фаворит да го освои годинешниот Ролан Гарос во Париз.

Ѓоковиќ поради забраната за влез на невакцинирани странци во САД ги пропушти двата турнири од серојата „мастерс 1000“ во Индијан Велс и Мајами.

„Ќе сторам сè што е во моја моќ да ја кренам формата и да бидам на највисоко ниво во Париз. Надал, се разбира, е крал на земјените терени и фаворит број еден, без дилеми“, изјави Ѓоковиќ во интервју за американската телевизиска мрежа.

Ѓоковиќ истакна дека личен приоритет до крајот на сезоната ќе му бидат трите грен – слем турнири – Роланд Гарос, Вимблдон и ЈуЕс Опен.

„Мотивиран сум и расположен како и секогаш, поради овој спорт, семејството, мојата фондација и сите проекти во кои учествувам на теренот и надвор од него“, рече вториот светски рекет во интервју за Си-ен-ен.

Треба да знаете
Последни објави