Search

Сончево со температура до 22 степена

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Нутро во долниот тек на Повардарието ќе има услови за краткотрајна ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, до понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата. 

Треба да знаете
Последни објави