Search

Македонија ќе ѝ донира на Украина 12 воени хеликоптери

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ја сподели со јавноста информацијата дека по направените анализи, од страна на Генералштабот на армијата, земјава ќе донира воени хеликоптери на Украина.

„На следната седница на Владата, којашто според најавите ќе се одржи во среда, ќе предложам донесување на одлука со која Република Северна Македонија ќе ѝ донира 12 хеликоптери на Република Украина“, рече министерката Петровска.

Треба да знаете
Последни објави