Search

Дипломатска офанзива кон Мицкоски, ќе го фати ли последниот воз кон Европа?

Повеќе медиуми јавија дека Христијан Мицкоски денеска се сретнал со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Претходно Мицкоски со партиска делегација се сретна и со романскиот специјален пратеник за Западен Балкан а беше и фотографиран пред влезот на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Сето тоа укажува дека Мицкоски е соочен со сериозна дипломатска офанзива во пресрет на носењето на уставните измени за кои ВМРО-ДПМНЕ има цврст став против.

Она што од одредени партиски извори излегува како информација е дека на Мицкоски на овие средби му било укажано дека постои опасност од целосно изолирање на партијата ако и овој пат тој и ВМРО-ДПМНЕ застанат против европската перспектива.

Претходно се појавија и информации од ВМРО-ДПМНЕ дека дел од пратениците би дале поддршка за измените на Уставот затоа што како што тие сметаат отсуството на партијата од овој процес би значело сериозно нарушување на позицијата на партијата но и изолирање и позиционирање како антиевропска партија која би можела да функционира само со Левица.

Од ВМРО-ДПМНЕ последните денови се пласира теза дека одреден број на пратеници од СДСМ се противеле на уставните измени но сепак тоа се толкува како против тежа на тврдењата дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ би дале поддршка за промена на Уставот.

Треба да знаете
Последни објави