Search

Бајден најави договор со Канада за борба против илегалната имиграција

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека склучил договор со Канада за борба против илегалната миграција.

Во говорот пред канадскиот парламент, Бајден ја поздрави посветеноста на северниот сосед на САД да прифати 15 илјади мигранти од американскиот континент.

Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите на азил да ја преминат канадско-американската граница преку неофицијални контролни пунктови.

Бајден е во посета на Канада, каде со Трудо имаше разговори за миграцијата, за влошената безбедносна и хуманитарна ситуација на Хаити, војната во Украина, трговијата и борбата против климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави