Search

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби

48 кандидати за пратеници во Бугарија биле соработници на комунистичките тајни служби, пишуваат бугарските медиуми. Ова го покажуваат податоците на комисијата за досиеја, која извршила редовна проверка на кандидатите, што задолжително според закон мора да се направи пред изборите.

Повеќето од откриените соработници на службите припаѓаат на БСП, односно во редовите на „БСП за Бугарија“ има 11 такви кандидати. Потоа доаѓа коалицијата „Левица“ со 5 поранешни соработници. Истиот број на соработници се и на листите на коалицијата „Неутрална Бугарија“, создадена од „Атака“, „Русофилите за преродба на татковината“ и две комунистички партии.

Во однос на другите партии, по 4 беа откриени во партијата „Бугарски подем“, во ДПС, НДСВ и МИР имаат по три, а во „Бугарски сојуз на директна демократија“ и „Бугарска социјалдемократија-Евролефт“ има по двајца такви кандидати.

По еден таков кандидат имаат ГЕРБ-СДС и „Вазраждане“. Споредено со составот на претходниот парламент, само ПП и ДБ немаат поранешни соработници на своите листи.

Треба да знаете
Последни објави