Search

Уште еден наставник од основно училиште фатен со дрога

Министерството за внатрешни работи соопшти дека битолската полиција вчера го привела 54 годишниот В. А од Прилеп кај кого е пронајдена сомнителна материја.

Инаку, како што наведуваат повеќе медиуми В. А. е наставник во основно училиште.

-На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола, надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54)од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.

Инаку, ова се случува само неколку дена откако македонската јавност ја брануваше веста за големата полициска акција во Скопје при што беше уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром поради нејзина инволвираност во трговија со дрога.

Треба да знаете
Последни објави