Search

Спасовски: За безбеден регион, за зајакната економска соработка, за заедничките европски хоризонти

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

Вечерва, на покана на амбасадорката на Хеленската Република, Н.Е. Софија Филипиду, присуствував на прием по повод Денот на независноста на Хеленската Република, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Заеднички успеавме да направивме пресврт во билатералните односи, со потпишувањето на Преспанскиот договор решивме децениски спор, во духот на демократијата го продлабочуваме нашето пријателство, а во интерес на нашите граѓани – за безбеден регион, за зајакната економска соработка, за заедничките европски хоризонти.

Од аспект на МВР, пак, го зајакнавме партнерството во борбата против сериозниот криминал на национално и на регионално ниво.

Продолжуваме да градиме вистинско стратешко партнерство, унапредувајќи ја соработката на сите полиња, се’ во духот на добрососедските односи.

Нека е честит Денот на независноста на нашите пријатели од Хеленската Република, напиша Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави