Search

Фон дер Лаен: ЕУ и дава милијарда евра на Турција за помош по земјотресот

Европската комисија ќе обезбеди милијарда евра помош за Турција која беше погодена од земјотресот, изјави претседателката на тоа тело Урсула фон дер Лаен на почетокот на меѓународната донаторска конференција.

Фон дер Лаен зборуваше за земјотресот, кој однесе речиси 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните неколку години.

„Милиони сега се бездомници и живеат во шатори во текот на зимата“, рече таа на почетокот на конференцијата.

„Мора да се мобилизираме за обнова. Домовите, училиштата и болниците мора да се обноват според највисоките стандарди за безбедност од земјотреси. Водата, канализацијата и другата клучна инфраструктура мора да се поправат. На јавните служби и бизнисите им е потребен капитал за обнова за да можат луѓето да заработат за живот “, вели таа.

Фон дер Лаен рече дека Комисијата ќе обезбеди дополнителни 108 милиони евра за хуманитарна помош и за обновување на Сирија. Европската унија не одржува дипломатски врски со претседателот на таа земја, Башар ал Асад, од војната што започна во 2011 година.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) проценува дека „вкупниот финансиски товар од земјотресот“ за Турција е околу 103,6 милијарди долари, што е 9 отсто од проектираниот БДП на земјата за 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави