Search

Уапсени дивокопачи- скопјанка и штипјанец, ги фатиле со стари монети и други артефакти

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип.


На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави