Search

Курти: Бевме конструктивни во Охрид, другата страна отфрли креативни предлози

Бевме конструктивни во Охрид, другата страна отфрли креативни предлози, вели косовскиот премиер Албин Курти. Тој ги информирал странските дипломати за напредокот во дијалогот и за договорот за анексот за имплементација на Основниот договор, постигнат во Охрид на 18 март.

Од кабинетот на Курти тврдат дека т.н Отворен е патот за Косово да стане членка на Советот на Европа и на Европската унија.

„Во однос на членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови од земјите-членки, додека правниот оддел на Советот потврди дека не постои законска пречка за полноправно членство во оваа важна организација“, се наведува во соопштението.

Повеќе од 10 часа во саботата траеја разговорите на Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ со европските политичари Мирослав Лајчак и Жозеп Борел. 

„Косово и Србија треба веднаш да почнат со спроведување на Договорот и да ги земат како позитивен пример односите меѓу Северна Македонија и Грција“, порача специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. 

Постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во саботата во Охрид е правно обврзувачки за двете страни од секој аспект. И двете земји ќе бидат оценувани за сработеното од Договорот. 

Треба да знаете
Последни објави