Search

Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир, ќе има површина од 30.000 метри квадратни

 Мега паркот во општина Чаир ќе биде со површина од 30.000 метри квадратни, а градежните работи за истиот ќе започнат од утре. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу придружувани од директорот на јавното претпријатие Улици и патишта, Саид Саиди и на Паркови и зеленило – Скопје Зухејр Реџепи, заедно со пратениците од областа Изет Меџити и Мерита Коџаџику и жители од населбата, преку прес-конференција појаснија дека во овој парк ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и цветни градини.

Истовремено, во паркот се предвидени 2 нови спортски терени, 2 детски игралишта, 2 паркови за домашни миленици, една за фитнес, 26 нови летниковци, нова урбана опрема, пешачки патеки и фонтани.

Изградбата на Мега-паркот во општина Чаири дојде како меѓуопштинска соработка меѓу општина Чаир и Град Скопје.

Мега Паркот се наоѓа на улицата „Македонско-Косовска Бригада “, во населбата Топанско Поле.

Треба да знаете
Последни објави