Search

Грковска им покажала „жолт картон“ на Груби, Османи и Нуредини

Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска им покажала „жолт картон“ на вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели, врз основа на документација од Антикорупциска.

Покрај овој случај, Грковска има забелешки за колегите кои играат фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби. Вицепремиерката за борба против корупцијата Грковска рече дека играњето фудбал во канцеларија не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.

Грковска ја повика антикорупциска да ги провери и информациите за судир на интереси кај Груби, за кого се тврди дека фирма на неговиот брат зела пари од владата. Според неа клучна улога во справувањето со корупцијата, треба да има има правосудниот систем.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и денеска го повика Јавното обвинителство да истражи како од минусно салдо, компанијата на братот на вицепремиерот Груби стекнала милионска сума пари.

И премиерот Кочавески повика антикорупциска и обвинителствотото да утврдат дали договорот со Бехтел и Енка потпишан од Груби е исправен.

Антикорупциска веќе најави дека ќе ја побара целокупната документација од конзорциумот кој треба да гради четири автопатски делници, но појаснија дека процесот е сложен и ќе биде потребно повеќе време за анализа на податоци.

Треба да знаете
Последни објави