Search

Вучиќ по разговорот со Орбан, најави наскоро средба во Белград

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најавува наскоро средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белград.

Вучиќ на својот Инстаграм напиша дека имал вистински пријателски разговор со Орбан за сите значајни прашања за регионот, Европа и светот.

„Наскоро средба во Белград. Да живее пријателството меѓу Србите и Унгарците, Србија и Унгарија“, сподели председателот на Србија на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави