Search

Битиќи: Зимата ја поминавме, не се случи апокалипсата што ја најавуваше опозицијата

Мерките што беа донесени од страна на Владата за надминување на енергетската криза дадоа позитивен ефект и ја поминавме зимата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во ТВ Стар.

-Имавме на почетокот две различни гледишта. Од една страна на власта, која кажа дека ситуацијата е сериозна и мора сите институции и сите чинители разумно и соодветно да се однесуваат и повикавме на штедење електрична енергија, а воедно и ЕСМ да ги стави на располагање сите капацитети во функција. Од друга страна имавме ставови од опозицијата дека ќе има апокалипса, рестрикции и 200 отсто покачување на цената на електричната енергија, кажа Битиќи.

Тој потсети дека власта издвоика средства за субвенционирање на електричната енергија на регулираниот пазар и не се почувствувал ценовен шок во сметките.

-Воведовме и нова методогија и 97% од населението се во првиот и вториот блок, односно тарифа на пресметување, кажа Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави