Search

Англија без Рашфорд и Маунт на стартот на евроквалификациите

Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, поради повреда, ќе го пропушти стартот на квалификациите за ЕУРО 2024 и натпреварите кои оваа недела ќе ги одигра Англија против Италија и Украина.

Рашфорд се повреди во победата од 2-1 во неделата во четвртфиналето против Фулам во ФА купот.

Од Јунјатед објавија дека Рашфорд, кој беше повлечен од теренот во 83 минута, се повредил при акцијата која претходеше на водечкиот гол на Фулам во 50 минута.

Покрај Рашфорд, кој сезонава постигна 30 голови за Јунајтед, англискиот селектор Герет Саутгејт за натпреварите против Италија и Украина нема да може да смета ниту на услугите на играчот за врска на Челзи, Мејсон Маунт.

Англија во квалификациите за ЕУРО 2024 е во група со Италија, Украина, Македонија и Малта.

Треба да знаете
Последни објави