Search

Хил: Србија во Охрид ја прифати својата европска иднина и планот да стигне таму

Амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил денеска изјави дека на средбата во Охрид Србија ја прифатила својата европска иднина и јасен план како да стигне до таму.

Хил на својот Твитер профил напиша дека одлуката бара мудрост, интегритет и храброст.

„Има уште многу работа да се направи, а САД ќе бидат со вас на секој чекор од патот“, пишува Хил.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Џозеф Борел, синоќа во Охрид, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти, изјави дека двете страни постигнале договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите.

„Конечно, по 12 часа имаме договор како да го спроведеме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“, изјави Борел за новинарите во Охрид,пренесе Нова.рс.

Треба да знаете
Последни објави