Search

Сакременто се поблиску до Денвер, Јута го изненади Бостон

Кошаркарите на Сакраменто кингс продолжуваат со одличните игри сезонава и се замешаа во трката за првото место во Западната конференција.

Кралевите утринава со 132:118 славеа на гостувањето кај Вашингтон визард и тоа беше нивна трета победа по ред со која дојдоа до учинок од 43 триумфи и 27 порази. Идентичен учинок има и Мемфис гризлис со кого го дели второто место на Западот, додека лидер е Денвер со скор 47-24, но игра во лоша форма и доживеа пораз на пет од последните шест натпревари.
Сакраменто пак, кој последен пат играл во плеј-офот во далечната 2006 година, има три победи ред, што е најдобра серија за екипа од Западната конференција.
Најдобар кај Кралевите во дуелот со Вашингон беше Домантас Сабонис со 30 поени, 9 скокови и 10 асистенции, а Теренс Дејвис натпреварот го заврши со 21 поен.

Филаделфија предводена од Џоел Ембид кој стана лидер во трката за МВП признанието, ја победи Индијана пејсерс со 141:121 и се искачи на второто место на табелата во Источната конференција.

Филаделфија има скор 48-22, додека Бостон кој загуби од Јута џез има 49-23. До осмата победа по ред, што претставува најголема победничка серија во моментов во НБА, Филаделфија ја предводеше Ембид со 31 поени и по седум скокови и асистенции. 31 поен даде и Тајрис Макси, додека Тобајас Харис постигна 24 поени, а кај Индијана се најдобар беше Арон Несмит со 25 постигнати поени.

Серија од три порази забележаа кошаркарите на Голден Стејт Вориорс кои загубија од Мемфис Гризлис (133:119). Кај домашните на паркетот најдобар беше Џерен Џексон Јуниор. со 31 поен, седум скока и три асистенции.

„Огнена“ атмосфера имаше и во Јута каде Џезерите ги победија Бостон Селтикс со 118:117, откако се вратија од негатива од 19 поени во последната четвртина. Најдобар поединец кај
Џезерите беше Лаури Марканен со дабл-дабл учинок (28 поени и 10 скокови).

Никола Јокиќ, беше најдобриот поединец во редовите на Денвер Нагетс кои беа поразени од Њујорк Никс (116:110). Српскиот кошаркар беше блиску до трипл-дабл учинок со 24 поени, 10 скока и
осум асистенции. Џулиус Рендл ги предводеше Никс со 20 поени и седум скока.

Резултати: Индијана – Филаделфија 121:141, Торонто – Минесота 122:107, Чикаго – Мајами 113:99, Мемфис – Голден Стејт 133:119, Вашингтон – Сакраменто 118:132, Јута – Бостон 118:117.

Треба да знаете
Последни објави