Search

Марјан -Доказ итно префрлен во ГОБ „8 Септември“, има проблеми со срцето од петокот 

Денеска од притворот од  истражниот затвор „Шутка“ итно е префрлен во ГОБ „8 Септември„ Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ“. Информацијата за Фокус ја потврдиле од затворот, од каде изјавиле дека тој е задржан на понатамошно лекување поради поради проблеми со срцето.

Претходно, како што објави Макфакс, поради болку во градите Марјан-Доказ бил пренесен на скопските клиники, односно на Клиниката за кардиологија, од каде вчера на свое барање се вратил во истражниот затвор.

Инаку, Марјан Доказ се гони за две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, заради што повеќе од еден месец е во притвор. 

Треба да знаете
Последни објави