Search

Мандиќ во името на ДФ ги повика граѓаните да го поддржат Милатовиќ во вториот круг претседателски избори во Црна Гора

Се поизвесно е дека во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора на 2 април во решавачка битка ќе влезат лидерот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ и заменик-претседателот на Европското движење Јаков Милатовиќ.

Според првичните резултати, Милатовиќ има предност пред третопласираниот, лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ кој го призна поразот и веднаш се огласи вечерва со порака за гласачите:

-Во името на ДФ му давам полна поддршка на Милатовиќ и ги повикува сите граѓани на Црна Гора да го поддржат. Граѓаните ќе го вреднуваат тоа што ДФ ќе му овозможи на Милатовиќ да биде претседател на Црна Гора – порача Мандиќ.

Во претседателската трка во Црна Гора учествуваа седум кандидати.

Треба да знаете
Последни објави