Search

Генерален штрајк најавен за утре во Грција, земјата ќе биде целосно блокирана

24-часовниот генерален штрајк што го свикаа синдикатите од приватниот и јавниот сектор во Грција се очекува утре да ги запре повеќето услуги низ земјата.

Штрајкот се организира во знак на протест поради железничката несреќа на 28 февруари во Темпа во која загинаа 57 лица.

Атинското метро и трамвај ќе сообраќаат само од 10 до 15 часот, додека автобусите ќе сообраќаат од 9 до 21 часот. Нема да има приградски возови, а во штрајкот ќе учествуваат контролори на летање и морнари, пренесува Катимерини.

Синдикатот на новинарите во Атина (ЕСИЕА) најави дека новинарите рано денеска ќе штрајкуваат.

Генералниот штрајк, свикан од најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, е последен во серијата протести против владата и политичкиот систем за кој се вели дека постојано ги игнорирал повиците на синдикатот за зголемени мерки за безбедност на железницата.

Премиерот Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на пругите.

Треба да знаете
Последни објави