Search

Барселона го клекна Реал Мадрид и му побегна 12 бода во трката за титулата

Барселона одново беше подобра од лутиот ривал Реал Мадрид (2:1) во поуларното „Ел класико“ во рамките од 26. коло во шпанската фудбалска Ла Лига. Барселона сега како лидер има предност од 12 бода во трката за титулата пред актуелниот шампион Реал Мадрид.

Во интересниот натпревар проткаен со многу возбудувања пред двата гола Реал Мадрид прв поведе со автоголот на Араухо во 9. минута, но при крајот на првото полувреме Барселона стигна до изедначување преку Серхио Роберто кој се најде на вистинско место во вистинско време.

Реал Мадрид имаше шанса да стигне до нова предност во 81. минута, но милиметарскиот офсајд по преглед на ВАР спречи гол на Асенсио. Казната за пропуштената шанса следеше во втората минута од судиското продолжение во која Франк Кеси ја затресе мрежата на Тибо Курота за јубилејна 100. победа на каталонците во „Ел Класико“ натпреварите.

Треба да знаете
Последни објави