Search

Хоџсон пред враќање на клупата на Кристал Палас

Искусниот англиски фудбалски стратег Рој Хоџсон преговара со раководството на Кристал Палас за враќање на тренерската клупа, откако Французинот Патрик Виеира во петокот доби отказ.

Виеира беше отпуштен по серијата незадоволителни резултати на клупата на Кристал Палас, кој сè уште нема победа во 2023 година.

Телевизијата „Скај спорт“ јави дека раководството на лондонскиот премиерлигаш преговара со повеќе тренери, но најсериозен кандидат за назначување на должноста е 75-годишниот Хоџсон, кој го предводеше Кристал Палас до 2021 година.

Кристал Палас веќе соопшти дека екипата в недела на градското дерби против Арсенал ќе ја води тренерот на младинскиот тим Педи Мекарти, додавајќи оти нема да се брза со одлуката за наследник на Виеира.

„Фудбалот е чудна игра бидејќи работите многу брзо можат да тргнат во непосакуван правец. Кога ќе почувствувате дека излегувате од колосек, тогаш, за жал, морате нешто да промените“, изјави претседателот на Кристал Палас, Стив Периш.

Треба да знаете
Последни објави