Search

Британец поставил замка за возачите кои паркирале пред неговата куќа

Сопственик на куќа во Велика Британија поставил голем камен како стапица за возачите кои паркираат на неговиот премин. Видеото е објавено на ТикТок и за кратко време стана вирално.

На двете видеа се гледа како автомобилите се обидуваат да се свртат и да го заобиколат каменот, но на крајот удираат во него и си го оштетуваат возилото. Иако возачите ги оштетиле возилата на тој камен, интересно е што во коментарите под видеото луѓето ја изразуваат својата поддршка за ваквиот начин на справување со возачите кои паркираат на туѓо место.

„ Веднаш набавувам камен“, „Најдобар начин да не го оштетите вашиот автомобил е да избегнете паркирањето на туѓ приватен имот. Едноставно е“, „Кој им дал на овие луѓе возачка дозвола?“, „Ова е одлично“ , „Ги сакам овие видеа“, „ Би можел да го гледам ова цел ден“, се само дел од коментарите.

Треба да знаете
Последни објави