Search

Ц. Звезда поразена во Барселона, германското дерби за Алба

Црвена звезда вечерва е поразена на гостувањето кај Барселона со 85:79 и полека ги губи и теоретските шанси за место во плеј-офот од Евролигата. Каталонците успеаја да го контролираат текот на мечот и да не дозволат белградскиот состав кој беше ослабен со неиграњето на Добриќ, Недовиќ и Лазиќ да направи изненадување.

Кампацо постигна 24 поени, Петрушев додаде 12, а Бентил 11, во составот на гостите, додека кај Барселона победата ја донесоа Весели и Миротиќ со по 21 поен.

Во вториот меч вечерва, екипата на Алба во германското дерби против Баерн (М) славеше со 76:75 на гостински терен. Ова беше само осмата победа за Алба оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави