Search

(Фото галерија) Златна Бубамара светна со сиот сјај и на скапа тарифа

Фото: Слободан Ѓуриќ

Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“ вчера се одржа 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Домаќините на настанот Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои до лани ги гледавме во улога на заменски, технички водители сега беа главни бидејќи Сашко Коцев не се појави на сцената.

На манифестацијата им беше оддадена почит на врвниот инструменталист и композитор Милан Завков, комичарката Мара Попара, односно актерката Катерина Крстева, и актерот Марин Бабиќкои кои починаа во изминатата година.

Игор Џамбазов изведе песна во чест на Горан Пандев, посветена на сите негови спортски успеси и на тоа каква гордост е тој за Македонија. Дуото ДНК добија награда за најпопуларна група.
За најпозната труба беше прогласен Џамбо Агушев, кој реди светски успеси, и заедно со ДНК ја изведоа химната на животот „Ако утре ме нема“. Наградата најпопуларен албум ја доби групата „Некст Тајм“ за нивниот албум „Мајка“. Награда за трајни музички вредности доби Јаков Дренковски, а Ефто Пупиноски и Блага Петреска добија награда за животно дело.

Од регионалните ѕвезди награди добија Мирослав Илиќ и Џибони.

Кој друг настапи и доби награди ќе може да видите на снимката од манфестацијата на Канал 5 телевизија.

Треба да знаете
Последни објави