Search

Налогот за апсење на Путин да го користите како тоалетна хартија, порача Медведев

Коментирајќи ја одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, реагира Дмитриј Медведев, заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација. Тој напиша дека нема потреба да се објаснува како треба да биде користен овој документ, а пораката ја објавил со сликичка за тоалетна хартија.

„Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин. Нема потреба да се објаснува каде треба да се користи овој документ“, напиша Медведев на својот профил на Твитер на англиски јазик.

Претходно, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Треба да знаете
Последни објави