Search

За Џереми Ренер глумата повеќе не е приоритет во неговиот живот

Актерот од „Одмаздници“ (52), кому на Нова година плуг за снег му ги згмечи градите и нозете додека се обидувал да спречи плугот да удри во неговиот внук, сега има друга перспектива во однос на кариерата.

За малку фаталната несреќа целосно го сменила неговиот фокус и сега сака да помага во менување на светот, пренесува извор близок со актерот.

„Тој е многу горд на досегашната работа што ја направи, но целата оваа ситуација му покажа дека има многу повеќе што може да стори за да им помогне на другите.“

Изворот открива дека мајката на Џереми, Валери (69), му дава огромна поддршка откако искрши повеќе од 30 коски во несреќата.

„Мајка му доаѓа кај него повеќето викенди, исто и неговата ќерка Ава (од бракот со поранешната сопруга Сони Почеко).

„Тој е фокусиран на неговото закрепнување и секојдневно прави вежби за да научи повторно да оди. Џереми е свесен дека имал многу среќа што останал жив.“

„Секој ден е подобар од претходниот и, дефинитивно напредува, но напредокот е бавен.“

Треба да знаете
Последни објави