Search

Додавање му фалеше на Јокиќ за нов трипл дабл, но Денвер победи

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 30 поени, имаше 10 скока и девет асистенции во триумфот (100:119) на Денвер Нагетс на гости против Детроит. Едно додавање му недостигаше за нов трипл-дабл, но најважно е што неговиот тим ја прекина лошата низа порази. Со овој триумф Денвер обезбеди и место во плеј-офот.

Индијана го приреди најголемото изненадување изминатата вечер, откако славеше на гости против Милвоки Бакс со 139:123. Неверојатен пресврт се случи во второто полувреме, со оглед дека Милвоки на одморот имаше предност од 64:55.

Индијана постигна дури 49 поени во третиот период и со предност од 104:101 влезе во последната четвртина. Гостите не застанаа ниту во решавачките моменти и на крајот заслужено стигнаа до победа. Ендрју Нембард со 24 поени, Арон Несмит со 20 поени и Бади Хлид со 20 поени беа најрасположени за игра во редовите на Индијана.

Кај Милвоки, Јанис Адетокумбо уфрли 25 поени.

Феникс го совлада Орландо со 116:113. Девин Букер постигна 19 поени во победничкиот тим.

Резултати, НБА: Детроит – Денвер 100:119, Бруклин – Сакраменто 96:101, Торонто – Оклахома 128:111, Милвоки – Индијана 123:139, Феникс – Орландо 116:113.

Треба да знаете
Последни објави